Мирјана Карановиќ како Марлен Дитрих на 3 март во Филхармонија

Легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ во улогата на контроверзната фем фатал Марлен Дитрих ќе гостува на 3 март на сцената на Македонската филхармонија со претставата „Марлена“. Претставата е во продукција на Народно позориште Сараево, а режисер е Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа.

– Уметноста не може да биде удобна и сигурна. Ако си уметник, мораш да се изложуваш, да одиш подалеку од другите. Марлен Дитрих беше таков уметник. Таква е и оваа претстава – велат организаторите.

Организатор на гостувањето е „Авалон продукција“. Влезниците ќе можат да се купат од 5 февруари, понеделник на сите продажни места на онлајн на Тicketx.mk и во продажната мрежа на Тicketx низ Македонија.

Претставата „Марлен Дитрих – Пет точки од обвинението“ („Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“) ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал „Мителфест“.

- Реклама -