Испитувањата покажаа дека жените имаат „шесто сетило“ со кое можат да ја намирисаат сексуалната возбуда кај мажите, а без да бидат свесни за тоа.
Испитувањата покажаа дека жените имаат „шесто сетило“ со кое можат да ја намирисаат сексуалната возбуда кај мажите, а без да бидат свесни за тоа.
Испитаничките во експериментот несвесно можеле да ја одредат разликата помеѓу обичната пот и онаа на мажите кои биле сексуално возбудени. 19 хетеросексуaлни жени требало да ја ја помирисаат потта на 20 мажи кои во експериментот гледале еротски филмови или филмови со неутрална содржина.
Само две од нив изјавиле дека можат да почувствуваат некаква миризба, а ниту една свесно не ја разликувала природната миризба од онаа предизвикана од гледањето на еротските филмови. Меѓутоа, научниците со скенирање откриле дека потта на возбудените мажи предизвикала поинаква активност во мозокот на жените одошто неутралната миризба. Мозочната активност не покажала дека миризбата на потта предизвикува сексуална возбуда кај жените, но дека мозокот може да ја препознае емоционалната информација која се содржи во миризбата, што докажува дека кај луѓето постои несвесна комуникација преку телесната миризба. [Varying Sweat Scents Are Noted by Women]