Миранда Кер имаше сообраќајна несреќа во понеделникот во Лос Анџелес, кога автомобилот во кој се возела со својот асистент налетал на друго возило.
Кер трпи огромни болки после несреќата во која се здобила со полесни повреди, а манекенката во моментов носи и гипс на вратот. Нејзиниот сопруг Орландо Блум и нивниот двегодишен син Флин не биле во возилото во моментот на несреќата.
Претставникот на модната куќа „Victoria’s Secret“ потврди дека Миранда имала несреќа, но дека се сите среќни што не е сериозно повредена, па во моментов е на пуштена на домашно лелкување.