Министерство за правда: Нови изводи на родени со графа националност, упатството не се коси со законите

Нови изводи на родени со графа националност. Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда, споделувајќи фотографии од новите изводи.

„Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција“, се вели во соопштението од Министерството за правда.

- Реклама -