Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух, дека прагот на информирање за PM10 (надминување на вредноста од 100 mg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат во мерните места Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци, се вели во денешното соопштение на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Од Министерството велат дека се информирани Институт за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа во наведените критични места.
Во согласност со надминување на таканаречениот праг на информирање за ПМ10 честици, Министерството за животна средина ги дава следните препораки до граѓаните:
• Да се користи јавниот превоз
• Возила да не се користат без поголема потреба
• Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
• Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
• Правилно да се користат печките за дрва
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните препораки:
• Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.