Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка: Трагедијата во Тетово многу ме погоди

Министерот Филипче поднесе оставка од морални причини
Скопје, 10 септември 2021 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на прес-конференција соопшти дека од морални причини поднел оставка на функцијата по пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што тоа можат да опишат ниту начин да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет, затоа денеска од морални причини понудив писмена оставка до премиерот“, истакна Филипче на прес-конференцијата во Владата.

Целото обраќање погледнете го во видеото:

- Реклама -