Јапонскиот корисник на YouTube со името „Miniature Space“ ни покажува едно забавно и вкусно видео, во кое тој со неверојатна прецизност приготвува минијатурен десерт.
Видеото ја објаснува постапката со која човекот внимателно создава мини колач со помош на основна кора, павлака и ситно исецкани парченца јагодка. Се разбира, за таков минијатурен десерт е потребен и исто толку мал и деликатен прибор за приготвување.
Кога целата постапка е завршена, десертот со големина на залак не е само неверојатно убав, туку и целосно способен за консумирање. Се прашуваме само дали некој има нерви да вложи толку труд за едно вкусно залче. Проценете сами.