Во најважниот фрижидер во светот

SEED-vault-global-1[1]

Длабоко под северниот мраз на Норвешка, во едно од најизолираните места на Земјата, „закопана“ е колекција од сите светски семиња. Svalbard Seed Vault е сместен во (како што кажува името) најсеверниот град на светот – Свалбард, и служи како банка во која се чуваат „последните надежи“ за во евентуално „крај на светот“ сценарио. Го викаат „Сефот на Судниот ден“, бидејќи е толку длабоко закопан што останува ладен и без вештачко ладење, и отпорен на површинските планетарни случувања. Граден е пред сé за во случај на поголема суша, што е многу пореална можност, за разлика од некаква си апокалипса.

Дерек, од Youtube каналот Veritasium, нé носи на мала тура во „Сефот“:

Зад влезните врати на складот се крие долг тунел со пет други врати, пред да стигнете до внатрешните комори. Зад последните врати, пак, се наоѓаат над милион различни видови семиња, од луѓе од сите делови на светот. Длабоката поставеност во пермафростот овозможува константна температура од -4 степени Целзиусови.

Верувале или не, веќе имаше подигнување на семиња од сефот. Заради војната во Сирија и особено случајот во кој беше бомбардирана банка за семиња, беа подигнати семиња од Свалбард, со цел да се обнови залихата на сирискиот сеф, но и да им се помогне на разните агрикултурни индустрии во опустошениот регион.

За разлика од сефот во Јакутск (за кој руските научници се фалат дека е многу подобар), овој во Свалбард повеќе функционира како банка. Клиентите можат да го депозитираат своето семе од било кој вид, со исклучок на илегалните дроги. Интересно е што кураторите во Свалбард не ја проверуваат содржината на кутијата, наместо тоа се потпираат на довербата во клиентите и строгите договори кои ги потпишуваат при испраќањето на семињата.

rows-of-frozen-seeds[1]

Растот и одржливоста на идната агрикултура е од клучно значење за опстанокот на светската популација во иднина. Затоа Свалбард ќе биде наполнет дури кога ќе има 3 милиони индивидуални видови растенија, со по околу 500 примероци од секој од нив.

- Реклама -