Милошоски: Владата на СДСМ и ДУИ ѝ подари на Бугарија инструмент за легално блокирање на евроинтеграциите

„Имаме едно горко искуство, ако не и повеќе, но најсвежо е тоа со Договорот од Преспа. Тогаш тука беше германската канцеларка, австрискиот канцелар, премиерката на Британија и други, со ветување дека по исполнувањето на тоа уставно менување тие ќе ги отворат вратите на Европската Унија за Македонија. Но, потоа следуваше блокадата од Франција и последователни блокади од Бугарија“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Со потпишувањето на вториот протокол од Договорот за добрососедство во 2022 година, владата на СДСМ и ДУИ на Бугарија ѝ подари инструмент за легално блокирање на евроинтеграциите. Ова вечерва, коментирајќи го процесот на евроинтеграциите во гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 го рече пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошпоски, посочувајќи дека сега тоа резултира со поволна одлука за Албанија и неповолна одлука за Македонија.

Антонијо Милошоски во гостување на ТВ Канал 5 / Фото: Принтскрин

„Владата на Социјалдемократскиот сојуз и Демократската унија за интеграција направија голема и суштинска грешка кога прифатија билатеризација на евроинтеграциите. Со потпишувањето на вториот протокол што Бујар Османи и неговата колешка во Софија го потпишаа во 2022 година се направи голема грешка“,

рече тој.

Втора работа што Милошоски ја смета за погрешна е одлуката за прифаќање на отворање и менување на Уставот по барање на соседна држава.

„Имаме едно горко искуство, ако не и повеќе, но најсвежо е тоа со Договорот од Преспа. Тогаш тука беше германската канцеларка, австринскиот канцелар, премиерката на Британија и други, со ветување дека после исполнувањето на тоа уставно менување тие ќе ги отворат вратите на Европската Унија за Македонија. Но, потоа следуваше блокадата од Франција и последователни блокади од Бугарија“,

вели Милошоски.

Според него, Македонија не треба да биде наивна и не треба да се праќаат сигнали на разединетост по ова прашање, оти целта барем декларативно е иста, а тоа е членство во ЕУ.

„Ако какви било отстапки што се надвор од Копенхашкитекритериуми треба државата во иднина да прави, треба да бидеме сигурни дека ќе се прави и ќе биде поврзано со членството во ЕУ“,

рече пратеникот.

Смета не треба да испраќаме сигнали до официјална Софија и до меѓународните фактори дека еден ден Уставот би бил сменет само поради чувство на очај.

„Тука треба да бидеме поиздржливи, посериозни, потактични, помудри за да обезбедиме извесност во движењето кон членството во ЕУ“,

вели тој.

Коментирајќи го лидерот на СДСМ, Венко Филипче, Милошоски рече дека иако се обидува да и се наметне на јавноста, тој нема авторитет пред своите сопартијци како што имале неговите претходници.

- Реклама -