Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски, вели дека нема да им отвори врата на попишувачите доколку не се вакцинирани.
„ Како родител на 5 малолетни деца, како сопруг и човек кој според Закон за време на кризна состојба и епидемија е должен да го штити здравјето на најблиските, своето и здравјето на другите, нема да примам попишувач, доколку истиот не покаже книшка дека е вакциниран против Ковид19❗“, пишува Милошоски на Фејсбук.
„Здравјето не може да се одложи, пописот може“, порачува тој.
Само ден порано, пак, во „Само вистина“, претседателот на Левица – Димитар Апасиев, улогата на ВМРО-ДПМНЕ во пописот ја оцени како „симптоматична“. Според него, доколку најголемата опозициска партија повика на бојкот, пописот ќе биде одложен веќе следниот ден. Тој очекува членството на ВМРО-ДПМНЕ да инклинира кон бојкот, што потоа и раководството ќе мора да го следи.