Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски, кој во петокот беш хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, денеска објави дека го добил вториот негативен тест на коронавирус.
„Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.
Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение“, напиша тој на Фејсбук, најавувајќи победа на изборите:
„И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата!“
Милошоски во болница беше примен со покачена температура, неколку дена откако неговата мајка објави дека е позитивна на Ковид-19, а со која имал краток контакт на 22 јуни. Милошоски требаше да остане во домашна самоизолација до 6 јули.