Милионерски совет за штедење: Купи си паста за заби за две години унапред

„Замисли, решаваш да штедиш, и сега треба да се преселиш во помала куќа и да ги продадеш сите коли…“, вели Крис Реининг. Ова очигледно се зборови на некој милионер. Крис е баш тоа – се бавел со банкарство и е во пензија од својата 37 година. Но друго е поентата. „Тоа е толку крупна одлука и промена, што нема да направиш ништо од тоа“. Затоа, за да заштедиш крупно, добро е да почнеш со ситно, т.е. со мали промени, вели Крис.

На пример, да се изнакупиш доволно паста за заби за во наредните 2 години, вели Марк Кјубан – еден од попознатите американски милионери. Неговиот совет е да купуваш на големо и на промоции/попусти. Во интервју за Vanity Fair објаснува зошто и како:

„Толку е тешко да си ја вратиш инвестицијата (при обична инвестиција), што понекогаш е подобро да си купиш двегодишна залиха од паста за заби, ако е на промоција со 50% попуст“, вели тој. „Тоа е инстантен повраток на парите“.

И не застанувајте на пастата за заби, вели милионерот. Користете ја истата стратегија за секакви намирници што редовно ги користите/консумирате (а што имаат долг рок на траење, нели).

„Кога нешто е на огромен попуст, купувајте, бидејќи шансите се дека цената ќе порасне. Вака веднаш ставате вистинска заштеда во џеб“.

Интервјуто

- Реклама -