Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во годинашнава Лига на шампионите, потклекнувајќи вчера пред Борисија во Дортмунд.
Тимот на Жозе Мурињо доживеа пораз од 2:1, во натпревар кој го одбележа германската фанатичност, преку неколку одлични акции од кои „Милионерите“ реализираа две.
Германците дојдоа во водство на натпреварот преку Левандовски во 36. минута, но нивната радост беше запрена по само две минути откако Кристијано Роналдо го израмни резултатот.
Упорноста на домашниот да слават против големиот Реал Мадрид се исплатеше во вториот дел кога Шмелцер во 64. минута го заокружи конечниот триумф.
Во „групата на смртта“ продолжуваат катастрофалните изданија на Манчестер Сити кој загуби во Амстердам од Ајакс со 3:1 останувајќи на досега освоениот само еден бод. „Граѓаните“ први дојдоа до водство преку Насри во 22. минута, но сѐ потоа беше во знакот на Холанѓаните. Најпрво Де Јонг во 45. минута израмни на 1:1, а потоа Моисандер во 57. и Ериксон во 68. минута ја донесоа убедливата победа за Ајакс.