Милион. Два милиони. Јахта. Поголема јахта

Милион долари. Два милиони долари. Јахта. Поголема јахта…

Вака изгледаат скалилата на успехот според повеќето луѓе. Сето тоа започнува со составувањето на листа на желби и нивното префрлување на одговорноста. Автомобилот Audi со 5 брзини и 6-цилиндричен мотор се претвора во Audi со 6 брзини, 8-цилиндричен мотор и спојлер. Проблемот со овој вид стремежи е тоа што не им се гледа крајот. Начинот на кој го дефинирате успехот, го диктира начинот на кој што го остварувате.

Но што ако успехот немаше ништо заедничко со достигнувањата, туку со самонадградувањето  и гледиштето за животот? Вистината е тоа што можете или да бидете успешни, или да остварувате успех – разликата е огромна, – но никогаш и двете – тие се сосема различни.

Кога бев дел од корпоративниот свет, јас го остварував успехот. Тоа ме означуваше. Погледите кон животот беа поврзани исклучиво со скалата на моите аспирации и ги диктираа моето расположение и моите ставови. Ако добивав повеќе од 4,2 од вкупно 5 поени за настапот, се чувствував успешен. Ако оценката ми беше пониска,  доживував срам.

Еден ден, ставовите  за успехот радикално се променија. Јас престанав да се интересирам за бројките на мојата банкарска сметка, за автомобилот во гаражата, за бројот на Twitter следбеници. Веќе не стануваше збор за постигнувањата, ниту дури за самиот мене.

Одеднаш, сето доби смисла.

Имаше еден човек кој секогаш изгледаше лут. Тој едноставно не можеше да напредува во својата кариера и постојано беше разочаран. Животот не му се одвиваше според планот. Успехот му беше недостижен. Тогаш, овој човек сфати дека неговиот гнев влијае на сите околу него. Овој гнев беше развратен. Кажано поинаку, тој не само што беше разочаран, туку и ги разочара сите останати.

Секако дека зборувам за себе.

Пред да прогледам бев темпирана бомба од разочарување. Во обид да постигнам повеќе, дозволив недостатокот на достигнувањата да го диктира моето расположение и да влијае на луѓето околу мене.

Конечно сфатив дека не сакам да имам такво влијание врз блиските. Не сакав ниту да бидам тој човек. Почнав да го мерам својот успех не според достигнувањата, туку според начинот на кој – позитивно или негативно, на помош или на штета – влијаам врз  околината. Ова е огромно осознавање кое ми ги промени животот.

А вие? Успесите ви се должат ли на вистинскиот став? Автомобилот нема да ви донесе задоволство (да не зборуваме колку многу гориво троши едно Audi со 8-цилиндричен мотор). Колку и јахти да имате, тие никогаш нема да бидат доволни. Најнесреќните луѓе во светот се оние кои се опкружени со материјална корист, бидејќи гневот и егоизмот им ги оттргнале пријателите и нивните блиски. Тие имаат дебели банкарски сметки, но се лишени од значајни односи.

Не бидете како нив. Откријте ново мерило за успех. Последниот не е поврзан само со вас.

Џон Брендон за Inc.com

- Реклама -