Милевски за земјотресите: Постои ли опасност од домино-ефект во Македонија

Моја почит и сочуство кон жртвите од земјотресот во Албанија, а повредените што побрзо да закрепнат.

Според магнитудата од 6,4 степени, овој земјотрес е двојно посилен од Скопскиот во 1963 година (6,1 степени). Длабочината помеѓу 10-15 km, силината, како и положбата на хипоцентарот на контактот на Јадранската тектонска плоча (како рабен сегмент на Африканската мега континентална плоча), со Балканската плоча (како сегмент од Европската или Евроазиска мега континентална плоча), предизвика земјотресот да се почуствува на широк простор во радиус од речиси 1000 km од епицентарот.

Како што е вообичаено, следеа десетици афтершокови во епицентарот (а ќе следат стотици други), но и долж контактната зона на колизија на плочите. Опасност од домино-ефект и сеизморефлекс во Македонија нема, затоа што кај нас доминираат напречни раседно-сеизмогени зони.

Можни се појави на последователни земјотреси само во контакт зоната долж источната маргина на Јадранската плоча. Кај нас може да се спие мирно, бидејќи интензитетот на афтершоковите ќе биде послаб и без последици.

Инаку за очекување е по двата силни овогодинеши земјотреси во Албанија, до крајот на годината сеизмичката активност да се смири, барем во овој регион на државата.

Фб статус на Илија Милевски

- Реклама -