„Реконструкција и адаптација на објектот Милениумски крст“ е проект кој што започна денеска, а се се очекува да заврши за девет месеци.
Предвидено е да се обнови антикорозивна заштита на челичната конструкција, поставување електрични инсталации, демонтажа на постојниот лифт на постојниот лифт во Милениумскиот крст и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи, изградба на фекална канализација и санитарни јазли и регулација на водоснабдувањето.
Работите на санацијата и адаптацијата на Милениумскиот крст и просторот околу него ќе траат девет месеци, а ќе ги изведува градежната компанија „Бетон“ – Скопје, а за реконструкцијата ќе бидат инвестирани околу 70 милиони денари.
Без разлика на работните активноти, жицарницата на Водно ќе работи непречено, а ќе биде заграден само просторот околу крстот.