Српскиот бнзнисмен не е татко на синот на Северина. Во прашање е српски мафијаш, пишуваат хрватските медиуми.
Порталот Tjedno.hr пишува дека српскиот бизнисмен Милан Поповиќ глумел сопруг и татко на детето на хрватската пејака Северина за да му направи услуга на пријател кој наводно е српски мафијаш.
„Од доверливи извори дознавме дека Милан не е татко на синот на Северина и дека тој повторно ја глуми улогата на татко како што своевремено глумеше сопруг на Северина. Северина навистина се бори на суд за детето, но од јавноста крие голем дел од вистината. Милан како што глумеше дека е нејзин сопруг сега глуми и татко на Александар, правејќи му услуга на свој пријател, наводно српски мафијаш, со кој Северина била во врска. Кога работите станале компликувани се договориле вистината да ја прикрие Милан“, пишува Tjedno.hr.
„Кој знае како сега во време на најголемата популарност на Северина ќе реагира јавноста кога би дознала дека врската со Милан и целата сапуница е измислена за да се прикрие врска со опасен крминалец“, пишува во текстот.
Дражен Стјепандиќ, авторот на текстот, за Informer тврди дека неговите информации се точни и дека не се плаши од тужба.
„Информациите ги добив од белградски извори на кои им верувам. Името на вистинскиот татко на детето на Северина го знам, но тоа дополнително ќе го објавам“.
Северина не била достапна за коментар, а Милан бил шокиран затоа што, како што рекол, станува збор за лага.