Милан бара вонсудско решение со Северина

Како што веќе два викенда не бил во можност да оди во Загреб и да го види синот кој го доби од врската со Северина, Милан Поповиќ се обидува да се договори со неа околу старетелството надвор од судот.
– Точно е дека Милан се обидува да постигне договор со неа, но за сега без успех- вели Тања Војтеховски, неговиот потпарол.

Милан минатиот викенд ја молел Северина поради болест да му овозможи да го види синот во четврток и петок, но таа без образложение го одбила. Од друга страна, таа два пати барала од Милан да не доаѓа за време на викенд туку некои други два дена кога нејзе ѝ одговара, кое пак тој го прифатил барањето.

- Реклама -