Руската обедината корпорација за производство на инструменти (OPK) разви таканаречен „микробранов топ“ – ново оружје што ќе ги неутрализира непријателските авиони и наведувачкото оружје со висока прецизност (како што се крстосувачките ракети), а ќе ја спалува и електрониката на беспилотните летала.
Оружјето е изградено во московскиот радио-технички институт при Руската академија за науки и делува во радиус од 10 километри. Системот се состои од силен релативистички генератор и праболични антени, систем за управување и контрола и системи за пренос, монтирани на шасијата на противвоздушниот ракетен систем „Бук“. Поставен на специјална платформа, „микробрановиот топ“ може да обезбеди „кружна одбрана“ во распон од 360 степени.
Принципот на работа е неутрализирање на радио-електронската апаратура на нисколетечките дронови, летала и оружја. Со други зборови, ултрависоките зрачења на топот го спржуваат „мозокот“ на напаѓачките летала.
Микробрановиот топ беше презентиран пред воените експерти, во затворениот дел од програмата на воениот форум „Армија 2015“.