Со цел „за нормализирање на голотија“, новиот проект на Мормонските жени се надеваат дека ќе фрли светлина на строгоста на религијата на кодексите за скромност.
Фотограферката од Солт Лејк Сити, Катрина Баркер Андерсон, која е цел живот член на црквата The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints, ја објави фото серијата „Mormon Women Bare“ во јули 2013 во која волонтираа повеќе од 30 жени.
„Знам дека фотографијата може да биде многу моќна алатка за саканата промена„, вели 30-годишната фотограферка за MailOnline. „За жените кои одбраа да бидат фотографирани, овој чин на уметничко изразување им помага во барањето да ја вратат природата на женското тело, додека протестираат на строгиот систем кој им налага да бидат покриени и внимателни.“
Андерсон вели дека налетала на изливи од лични и позитивни реакции за нејзиниот проект, за кој се чуствува сигурна дека ќе продолжи.
„Се надевам дека жените кои го гледаат ова ќе имаат поголемо сочуство за себе и нивните тела. Се надевам дека мажите кои го гледаат ова ќе сфатат дека жените не треба да бидат објектизирани, дури и ако се голи“.
„Го гледам овој проект како прослава на жените и човечкиот облик. Се надевам и другите ќе го видат истото.“