Михајловски: Депресивно е што сите се зачудени колку биле љубезни вакциналните екипи во Србија

Фејсбук статус на Горан Михајловски

Ај што македонските граѓани што се вакцинираа во Србија беа изненадени од организацијата. Туку, подепресивно е дека сите биле зачудени колку тамошните вакцинални екипи биле љубезни! Замислете – љубезни биле!? Во недела ги викнале од дома да вакцинираат странци во две смени и тие биле љубезни!? Никој не замрчил, никој не излегол да пуши, па да направи застој, правеле шега, прозборувале македонски „ајде Македонци дајте раката“… Замислете – биле и насмеани!?

Колку сме ние тука оштетени во духот?

- Реклама -