Фејсбук статус на Горан Михајловски
Ај што македонските граѓани што се вакцинираа во Србија беа изненадени од организацијата. Туку, подепресивно е дека сите биле зачудени колку тамошните вакцинални екипи биле љубезни! Замислете – љубезни биле!? Во недела ги викнале од дома да вакцинираат странци во две смени и тие биле љубезни!? Никој не замрчил, никој не излегол да пуши, па да направи застој, правеле шега, прозборувале македонски „ајде Македонци дајте раката“… Замислете – биле и насмеани!?
Колку сме ние тука оштетени во духот?