Кејт Мидлтон ги виде англиските репрезентативци голи

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт присуствуваа на отворањето на новиот фантастичен комплекс на англиската фудбалска репрезентација. Новата „Куќа на фудбалот“ во Англија е здание вредно 120 милиони евра, наречено „Сент Џорџ парк“.

Принцот Вилијам присуствуваше на отварањето на овој комплекс како почесен претседател на Фудбалската Асоцијација на Англија.

Во еден момент тие минаа и крај базенот во кој англиските фудбалери се опуштаа по напорниот тренинг, а убавата Кејт тоа го проследи со насмевка.

Новиот тренинг комплекс на англиската фудбалска селекција се протега на 130 хектари, се состои од 11 тревнати отворени фудбалски терени, од кои пет имаат систем за загревање на самиот терен, а еден од нив има потполно исти димензии и ист состав (мешавина на природна и вештачка трева) како и стадионот „Вембли“ на кој селекцијата на Гордиот Албион ги игра своите натпревари.

- Реклама -