Microsoft вети револуција со 3D прелистувач

Истражувачкиот оддел на Microsoft претстави концепт за 3D прелистувач кој може да дизајнира избрани веб-сајтови директно на ѕидовите и објектите во просториите.

Новиот прелистувач,наречен SurroundWeb, го прилагодува дизајнот на сајтовите кон предметите во просторијата и ја прикажува содржината на местата кои одговараат со оригиналниот дизајн, соопшти Microsoft Research.

Програмерите тврдат дека SurroundWeb е дизајниран за максимално лесно конфигурирање и употреба. Прелистувачот автоматски ја скенира собата за соодветни места, на кои да се покажат веб-сајтовите и може да проектира содржини со брзина од 30 фрејмови во секунда.

SurroundWeb се базира на интерактивната технологија Kinect, која на прелистувачот му овозможува да комуницира директно со корисникот преку гестови и глас. Покрај тоа, технологијата издава известувања и предупредувања, ако е потребно.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -