Microsoft работи на два хај-енд Lumia телефони за Windows 10.
Во моментов се подготвува предводник со кодирано име Cityman, како и уште еден модел од висока класа со кодирано име Talkman. Оваа информација прво беше објавена од Unleash the Phones, по што беше потврдена од The Verge. Microsoft ќе пристапи слично на Apple, создавајќи два уреди со поголеми дисплеи, но со слични карактеристики.
Cityman ќе биде долгоочекуваниот предводник, кој ќе дебитира по пуштањето на Windows 10. Тој ќе нуди 5.7-инчен QHD дисплеј 8-core процесор на Qualcomm, 3GB RAM и 20-мегапикселна главна камера. Кон спецификациите се вклучени слот за microSD картичка, 32GB внатрешна меморија, како и опција за отстранување на задниот капак за замена на батеријата. Cityman ќе ја обезбеди новата функција Continuum.
Talkman Lumia, од друга страна, ќе биде помал од Cityman. Тој ќе дојде со 5.2-инчен QHD дисплеј шестојадрен Qualcomm процесор, 3GB RAM и 20-мегапикселна камера. Како што гледате, голем дел од карактеристиките се исти, освен процесорот и екранот, каде се случуваат главните промени. Се очекува и двата нови модели да имаат троен LED блиц и 5-мегапикселна предна камера.
Минатата недела Microsoft откри дека Windows 10 ќе биде пуштен за персонални компјутери во текот на летото, но мобилната верзија на оперативниот систем ќе биде достапна во подоцнежна фаза. Двете нови смартфони од серијата Lumia ќе дојдат со Windows 10 и ќе бидат претставени подоцна во текот на годината.