Microsoft по грешка го откри Windows 9 на социјалните медиуми

Сите веќе се информирани дека се ближи објавувањето на новиот оперативен систем на Microsoft, иако компанијата се обидува тоа да го држи во тајност. Сепак, Microsoft China не внимава многу.

На Weibo, еден од кинеските социјални медиуми, Microsoft China го постави следното прашање:

“Windows 9, најновиот оперативен систем на Microsof, доаѓа наскоро, мислите ли дека старт менито на дното од левата страна ќе се врати?

Со фотографијата имаше и некој дизајн на логото, за кој подоцна се откри дека не е официјалното. Постот брзо беше отстранет, но не пред кинеските портали да го зачуваат за пошироката публика.

Дел од новостите кои се најавија по порталите се враќањето на старт менито (но не како што бевме навикнати да го гледаме), повеќе десктопи, Cortana и можност за работење на метро апликации на десктоп средината. Исто така ќе се фокусира на бизнисите и ќе доаѓа бесплатно.

Во меѓувреме се подгорвуваме за прес-настанот закажан за 30 септември, на кој најверојатно ќе се претстави оперативниот систем со Technology Preview.

Teкстот е објавен во соработка со socialnet.mk

- Реклама -