Microsoft го вработи дизајнерот кој се стекна со интернет популарност

Се сеќавате на Ендру Ким? Младиот дизајнер кој предложи проект за ребрендирање на голем број на производи и сервиси од Microsoft? Епа, Microsoft го вработи.

– Ќе дизајнирам за Microsoft цело лето. Ветувам дека ќе дадам се од себе додека сум таму, напиша Ким на неговиот блог.

Неговите идеи за ребрендирање беа забележани од многумина кога тој ги објави дизајните во Јули минатата година. Интересно е тоа што софтверскиот гигант го промени своето лого само неколку месеци подоцна, објавувајќи минималистички дизајн сличен на тој на Ким.

И покрај големиот број на работни понуди, сепак младиот дизајнер се одлучи да се приклучи на тимот на Microsoft.

– Вработувањето во одредена компанија е слично на венчање. Работата станува дел од вашиот живот.Сакам да работам со интересни луѓе на интересни проекти кои ме возбудуваат. Доколку го набљудувавте Microsoft во текот на изминатата година, сигурно знаете колку е возбудливо, напиша тој.

Ким ќе работи на дизајнот на Xbox, така што наскоро можеме да очекуваме промена на логото и негов нов визуелен идентитет.

- Реклама -