Microsoft го потврди проектот Windows 9

Оперативниот директор на Microsoft, Кевин Тарнер потврди дека Microsoft веќе работи на следната генерација на Windows, без да открива детали за проектот.Сепак тој благо ја покрена завесата пред Windows 9, велејќи дека фокусот е свртен кон корпоративните функции и лесно креирање на апликации кои работат на мноштво различни екрани. Така на пример, типични апликации за таблети ќе работат исто толку успешно и на телевизори.

Истовремено, Кевин Тарнер објасни дека следната верзија на Windows ќе се базира целосно на повратни информации од корисниците.

Ништо не беше соопштено за Start менито, но најверојатно тоа ќе биде присутно во Windows 9, бидејќи повеќето корисници на модерниот оперативен систе го сакаат да се врати.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -