Microsoft ќе стане сопственик на бизнисот со мобилни телефони и паметни телефони на Nokia. Освен тоа технолошкиот гигант ќе ги добие и лиценците на финската компанија со вредност од 5,44 милијарди евра во кеш, соопштија вчера преставници на двете компании.
Microsoft ќе плати 3,79 милијарди евра за скоро целиот бизнис на групата “Уреди и услуги” и уште 1,65 милијарди евра за лицензирање на патентите на Nokia при склучување на договорот.
Главнит извршен директор на Nokia Стивен Елап, ќе се врати во Microsoft и ќе раководи со проширениот тим за уреди, кажа шефот на Microsoft Стив Балмер во електронско писмо до вработените.
Microsoft планира сите трошоци околу оваа трансакција да ги покрие со сопствени финансиски ресурси.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk