Microsoft ги „пензионира“ сите стари верзии на Skype

Доколку се уште ја нематe ажурирано својата Skype верзија за десктоп уреди, наскоро ќе бидете принудени да го направите тоа.

Претставници на компанијата, соопштија дека Microsoft планира во наредните месеци да ги затвори сите стари верзии на оваа услуга, започнувајќи од Skype за Windows (6.13 и постари ), како и Mac (6.14 и постари).

Компанијата оваа година претстави неколку нови функции со кои ја збогати оваа услуга, па ажурирањето на истата сигурно вреди да се направи.

Засега нема конечен датум кога старите верзии веќе нема да можат да се користат и дали истите ќе бидат целосно отстранети или само ќе им биде прекината подршката.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -