Black Tusk Studios ќе биде задолжено за идното развивање на игри од Gears Of War франшизата.
Microsoft објави дека ги купиле правата за популарната акциона игра на Epic Games, Gears Of War .
„Денеска со голема возбуда објавуваме дека Microsoft Studios ги купи правата за Gears Of War од Epic Games, вклучувајќи права за сите наредни игри од франшизата, ентертејмент искуства и брендирани производи“ – пишува во писмената изјава од компанијата.
Од Microsoft потврдија дека Black Tusk Studios од Ванкувер ќе биде задолжено за развивањето на Gears Of War игрите во иднина и дека Род Фергусон кој порано работел како директор на продукцијата во Epic Games за Gears Of War франшизата ќе му се приклучи на студиото и ќе има клучна улога во развивањето на идните игри.
Што се однесува до Epic Games студиото познато по развивањето на феноменалниот Unreal енџин, тие изјавија дека продажбата ќе им помогне да се фокусираат на усовршување на Unreal 4 енџинот. Сепак Epic Games нема да престане со развивање на нови игри, напротив извршниот директор Тим Свини објави дека студиото во моментов работи на неколку различни проекти меѓу кои и Fortnite, игра која од Epic ја најавија уште во 2011 година.
Tекстот е објавен во соработка со МкКод