Мицкоски најави нова инвестиција: Германско-белгиска компанија ќе гради производствен погон во Петровец, можност за повеќе од 110 вработувања

„Значајно е дека дел од инвестицијата е и Центар за истражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања“, рече премиерот

Германската компанија „Епсотек“ во партнерство со белгиската „АИМ“ ќе инвестира во земјава во иградба на нов производствен погон, информира утрово на неговиот фејбук-профил премиерот Христијан Мицкоски, најавувајжи влез на нова германско-белгиска инвестиција во државата.

„За оваа инвестиција ќе бидат вложени 20 милиони евра. Објектот ќе биде лоциран во општина Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија“,

напиша Мицскоски.

Со градежни активности, како што напиша премиерот, се започнува на крајот на август годинава, а за една година, според него, се планира вработување на повеќе од 110 граѓани.

„Значајно е дека дел од инвестицијата е и Центар за истражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања“,

рече тој.

Според Мицкоски, власта наследила, ако што рече држава во кома, па сега, додаде, дека рабоатат со целата енергија да ја вратиме надежта.

„Инвестициите се решението за подобар живот за граѓаните“,

вели премиерот.

На крајот на минатиот месец, новата влада предводена од Христијан Мицкоски го најави првиот голем проект-инвестиција, изградба на ветерен парк, кој треба да почне да се реализира на почетокот на 2026 година.

- Реклама -