Мицкоски на средба со Тошковски: Никој не е над народот, законот и Уставот, ќе има одговорност за корупцијата и криминалот

„Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето. Доаѓа време на правда. Само така државата ќе направи повеќе за народот“, напиша премиерот на Фејсбук

Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции не заборавме на клучниот сегмент од нашата агенда, а тоа е борбата против корупцијата и организираниот криминал. Ова на неговиот фејсбук-профил го напиша премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека денеска се сретнал со министерот за внатрешни работи Панче Топковски, со цел, како што вели, да се адресира оваа значајна тема.

Премиерот Христијан Мицкоски на средба со министерот за внатрешни работи Панче Топковски / Фото: Фејсбук

„Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Испраќам јасна порака: никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето. Доаѓа време на правда. Само така државата ќе направи повеќе за народот“,

напиша Мицкоски.

- Реклама -