Мицкоски: Можна е промена на Преговарачката рамка, ќе бараме решение со новата влада во Бугарија

„Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со новата влада во Бугарија. Да разговараме за се, за можните ризици. Неприфатливи се изјавите дека уште ова треба да направите и готово. Ние направиме многу за европските вредности, а добивме нула“, рече премиерот

Ако има желба, преговарачката рамка со Европската Унија може да се промени, рече верва во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека ако навистина сакаат Македонија да ја видат таму, има можност за тоа, како и дека ќе бидат потребни гаранции дека нема да има дополнителни билатерални услови од Софија со посредништво на Европската Унија.

Христијан Мицкоски во емисија на ТВ 24 / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Но, треба да се искрени со нас и да ни кажат дека сакаат под овие услови. Ако имаме политичичка волја и вистинско читање на нештата се може да се случи“,

рече тој.

Според него, кога ќе има политичка влада во Бугарија, подготвен е да преговара по најмалку три решенија.

„Имаме најмалку три креативни решенија за кои сум подготвен да разговарам кога ќе има политичка влада во Бугарија и за кои сметам дека можат да бидат излезно сценарио од целиот процес“,

вели премиерот.

Патот по кој се одело досега, како што вели Мицкоски, не поминува веќе кај народот, оти била направена грешка, па затоа според него, треба да се бара решение.

„Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со новата влада во Бугарија. Да разговараме за се, за можните ризици. Неприфатливи се изјавите дека уште ова треба да направите и готово. Ние направиме многу за европските вредности, а добивме нула“,

рече Мицкоски.

- Реклама -