Мето Јованосвки го пронајде својот двојник!

За Мето Јовановски деновиве пишуваа сите македонски медиуми, откако актерот се појави во реклама на пивото „Хајнекен“, чие што мото беше „Секој е легендарен по нешто“…

Сепак, тоа не бил тој.

По бројните написи се огласи актерот во реакција за „телеграф“, каде изјави дека тој не учествува во рекламата.

– Јас не сум капетанот во таа реклама! Уште пред некое време ми се јавија пријатели да ме прашаат каде сум ја снимал рекламата, па ја погледнав. Иако личи на мене, јас не сум тој. Кога ќе се зголеми фотографијата на поголем екран, се гледа дека не сум јас – изјавил  Мето Јовановски.

Епа Мето Јовановски, честито двојник!

Погледнете ја сличноста.

Двојник
Мето

- Реклама -