Метју Фокс тепа жени!

Синоќа, Доминик Монаган (кај публиката попознат како Чарли од „Изгубени“), на Твитер објави дека неговиот колега од серијата, Метју Фокс (Џек) тепа жени.

На молба од обожавателка, да го повика и Метју Фокс на Твитер, Доминик Монаган одговори со: „Тој тепа жени. Не благодарам“. На ова, обожавателката очигледно изненадена одговори: „Знам дека беше погрешно, но што? Што е со сите добри моменти што ги имавте заедно?“ Доминик одново одговори кратко и јасно, држејќи се до својот став: „Од каде знаеш дека воопшто сме ги имале? Не познаваш ниту еден од нас. Тој тепа жени. Не изолирани инциденти. Често. Не сум заинтересиран“.

Доминик Монаган очигледно говори за обвинувањата што против Метју Фокс ги покрена жена возач на автобус во Кливленд. Таа тврди дека Фокс ја удрил со тупаница во пределот на карлицата, бидејќи таа одбила да го врати во неговиот хотел. Обвинителството никогаш не покрена формално обвинение, а Фокс поднесе контра-тужба за клевета.

Она што е за пофалба е што Доминик Монаган, за разлика од другите славни личности на Твитер и натаму стои зад својот став, без разлика колку е тој контроверзен. Твитовите не се избришани, што обично се случува кога други актери во излив на бес ќе објават нешто, за што потоа се покајуваат.

Метју Фокс во новиот филм „Алекс Крос“

- Реклама -