Објект за кој што се верува дека е метеорит паднал во оризово поле на истокот на Индија. Тој бил со големина на фудбалска топка. Метеоритот ги вознемирил локалните земјоделци, соопштуваат локалните власти. Како што се наведува предметот за кој што се верува дека е метеорит бил со тежина од 15 килограми.
Очевидците велат дека побегнале од нивата кога паднал кафениот објект во подрачјето на нивното село, по што се појавил чад.
„Земјоделците работеа на терен во моментот кога оваа тешка карпа падна од небото со многу гласен шум“, рече Ширсат Капил Ашок, окружен судија во државата Бихар.
Селаните се вратиле кога чадот се расчистил и ја извадиле карпата од кратерот кој бил длабок 1,5 метри.
„Откривме дека има многу силен магнетски ефект, да блеска и да тежи околу 15 килограми“, рече Ашок.
Овој предмет ќе биде анализиран од научниците за да се види дали станува збор за метеорит.
Метеорите се честички од прашина или карпи што обично горат додека поминуваат низ Земјината атмосфера, а оние што паѓаат на површината се нарекуваат метеорити.