Жителите на северот на Флорида во саботата околу полноќ имале ретка можност на небото да видат метеор во пад. Метеорот предизвикал силна зелено-сина светлина, за момент осветлувајќи го речиси целото небо.
Експертите потврдија дека се работи за метеор и дека нема ништо необично (и покрај бурната реакција на возачот чија камера го уловила настанот). Велат дека метеорите често влегуваат во Земјината атмосфера, но обично не ги гледаме. Сепак, со оглед на тоа дека во денешницата има толку многу камери на Земјата, но и сателити околу Земјата, ваквите глетки стануваат сè повидливи и почести.