Метеопредупредување за пороен дожд, громови и ветер

Управата за хидрометеоролошки работи за денес (2 јули) издаде метеопредупредување во кое се наведува дека ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.

Извор