Легендарните рок ѕвезди Metallica влегуваат во Гинисовата книга на рекорди за 2015 година.
Причината е дека тие се единствената група која што свири на седум континенти во рамките на една година. Тоа се случило за време на турнејата во 2013 година.
Групата исполни 25 концерти во 2013 година, а почетокот беше на фестивалот Soundwave во Австралија во февруари. Турнејата заврши со специјална шоу програма што се одржа на Антарктикот.
Овогодинешното издание на рекорди е 60-то и ќе се појави на 10 септември.