Мета-емоциите и совршениот партнер

eternal-sunshine-of-the-spotless-mind-1370931[1]

Кога барате нов/а партнер/ка со кој/а сакате да почнете да излегувате, веројатно трагате по некој што ги дели вашите интереси. Тоа е океј, ама можеби треба да се фокусирате на нешто поважно, но нешто што е помалку познат фактор: мета-емоциите.

Како што советува вебсајтот Barking Up the Wrong Tree (лаење на погрешно дрво), мета-емоциите го опишуваат тоа како се чувствуваме околу чувствата. На пример, што мислиш дека треба да правиш кога си лут? Треба ли да зборуваш за тоа, или сметаш дека натпревар во викање е поздрав за тебе и врската? Како ги интерпретираме и се справуваме со нашите сопствени емоции може да каже многу околу тоа како се справуваме со врските. Авторот на A Book About Love тоа го објаснува вака:

„Џон Готман на универзитетот во Вашингтон собра голем број на докази дека мета-емоциите се вистинскиот сигнал кој може да предвиди дали еден брак ќе потрае. Дали веруваш дека треба да ја изразиш лутината? Или веруваш дека е подобро да го чуваш во себе и да почекаш да ‘изветрее’? Дали мислиш дека среќата треба да се сподели, а гневот треба да биде потиснат? Имање на сличен мета-емоционален стил ви дава заеднички емотивен урнек, заеднички јазик“.

Не дека сите шетаат со закачени картички на кои им го пишува мета-емоционалниот стил, ама разликите брзо ќе ги забележите. Љубов како љубов, никогаш нема да биде дефинирана и да има одреден проверен рецепт, но ова е еден аспект за кој дефинитивно вреди да се размисли.

- Реклама -