Кој го мести светскиот фудбал?

Интерпол има само две скромни фотографии од Тан Сет Енг од Сингапур, за кого се претпоставува дека е мозокот на огромната криминална организација за местење на фудбалски и воопшто спортски резултати во светот.

Тој живее во раскош во својот дворец, не ја напушта земјата, а има развиено неверојатна мрежа низ светот која годишно заработува преку 90 милијарди долари од обложување и местење на спортски натпревари.

Полицијата има основано сомневање дека Тан Сет Енг во изминатата деценија има наместенo повеќе од 400 натпревари, повеќето од нив во квалитетните лиги во Европа, како Италија, Германија, Белгија. Тој има два прекари „Дан“ и „Нон“, а луѓето од неговото опкружување тивко го нарекуваат Данаблур, што значи „Бесен Ден“.

Неговата криминална организација во Европа е поврзана со албански и со унгарски клан, од каде потоа се местат речиси сите натпревари во Европа. Се вртат огромни пари, но засега полицијата едноставно не може да му влезе во вистинската трага.

- Реклама -