Meсо во сос од магдонос

Шницли од свински врат, подготвени со зачини и вино, а како прелив правиме бел сос од магдонос. Идеална комбинација, дури и за свечени прилики.

Состојки
600 грама шницли од свински врат
3 листови ловор
1 чаша бело вино
сол и бибер
масло за пржење

За СОСОТ ќе ви треба:

1 китка магдонос
50гр путер
200мл вода
250гр кисела павлака
1/2 лимон
2 лажици брашно
сол и бибер
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.

Подготовка

Чекор 1: Ќе започнеме со подготовка на местото. Исчукајте ги шницлите за да бидат помеки. Зачинете ги со сол и бибер. Пропржете ги на загреано масло во Гурмет пекачот, на функцијата (Saute`) потпржување, додека заруменат од двете страни.

Чекор 2: Кога ќе се потпржат шницлите, додајте ги листовите ловор и виното, покријте ги со капакот и оставете да динстаат 10 минути на пониска температура. Потоа тргнете го капакот, вратете на функцијата за потпржување и кратко пропржете ги од двете страни откако ќе испари течноста.

Чекор 3: Исечкајте го магдоносот и се пропржете го на растопениот путер 3-4 минути, на функцијата (Saute`) потпржување. Во испржениот магдонос додајте ја водата и сокот од пола лимон и се оставете да проврие, на пониска температура.

Киселата павлака разматете ја со брашното и додајте ја во зовриената смеса. Сосот варете го десетина минути со повремено мешање, на функцијата (Slow cook) бавно готвење. На крај зачинете со сол и зачин по вкус.

Чекор 4: Сервирајте ги шницлите со компири како прилог, и прелијте ги со сосот од магдонос.

СОВЕТ: Овој сос од магдонос, со својот малку кисел вкус, е навистина одличен прилог со било какво месо. Но, подеднакво е вкусен и со риба, тестенини, или компири!

- Реклама -