Меси повторно пред Роналдо

Кристијано Роналдо има уште една причина повеќе да биде несреќен откако Португалецот заврши како второпласиран во трката по уште една награда, којашто заврши во рацете на неговиот лут ривал Лионел Меси.

Францускиот магазин „Онзе мондиал“ традиционално ја доделува наградата за најдобар фудбалер во европските клубови, којашто веќе четврта година по ред ќе му припадне на Лионел Меси.

Имено, аргентинскиот ас повторно доминираше при гласањето на читателите на овој магазин, освојувајќи дури 47,45% од вкупните гласови.  Роналдо уште еднаш мораше да се задоволи само со второто место, со вкупно 27,95% од гласовите, додека на третата позиција се најде Колумбиецот Фалкао, со големо заостанување зад водечките две фудбалски мегаѕвезди.

Прочитајте и:  Британската авторка Саманта Харви ја освои Букеровата награда за 2024

Зад голгетерот на Атлетико Мадрид при овој избор се најдоа Бензема, Озил и Чави, а мора да се напомене дека со четвртата награда во низа, Меси ги мина Мишел Платини и Зинедин Зидан, коишто важеа за најуспешни фудбалери според досегашните избори на „Онзе мондиал“.

- Реклама -