Меси мака мачи со пеналите (видео)

Лионел Меси важи за најдобар фудбалер на денешницата, па затоа изненадувачки делуваат неговите проблеми од пенал да ги тресе противничките мрежи.

Аргентинецот беше трагичар на својот тим при ланската елиминација од Лигата на шампионите откако не реализираше пенал во второто полувреме од реваншот со Челзи, а Меси продолжи во ист стил и на синоќешната пријателска средба меѓу Германија и Аргентина.

Иако постигна погодок во триумфот од 1:3 за „Гаучосите“, фудбалскиот генијалец и самиот остана разочаран бидејќи при резултат 0:0 не реализираше уште еден пенал.

{youtube}PhtXyiJAJE8{/youtube}

„Лут сум си себеси, станува збор за пенал, ситуација којашто едноставно мора да се претвори во гол. Самиот сум си виновен, откако зедов залет ниту еднаш не ја кренав главата за да го видам движењето на голманот. Германскиот чувар на мрежата тргна на вистинската страна и го одбрани мојот удар, можам да кажам дека разочарувањето во тој момент беше огромно бидејќи ме потсети на дуелот меѓу Барса и Челзи. За среќа, потоа постигнав погодок и помогнав да стигнеме до победата, но останува впечатокот дека во иднина ќе морам подобро да ги изведувам пеналите“ самокритичен беше Меси и покрај триумфот на неговата селекција.

- Реклама -