Четврта година по ред Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер во Шпанија, во изборот на Шпанската фудбалска лига (ЛФП).
Тој и овојпат го победи Кристијано Роналдо, како и неговиот соиграч од Реал Мадрид, Карим Бензема. Лионел Меси е избран и за најдобар напаѓач, а најдобар играч за врска е Андрес Иниеста.
Наградата за најдобар дефанзивен играч за врска му припадна на Чаби Алонсо, а признанијата за најдобар дефанзивец и најдобар голман исто така заминаа на „Сантијаго Бернабеу“, во рацете на Серхио Рамос и Икер Касиљас.
Капитенот на Барселона е награден за „фер-плеј“, а откритие на сезоната во Примера дивизион е фудбалерот на Малага, Иско.