Меси пречекан со камења во Перу (видео)

Аргентинците не баш пријатно беа дочекани во Лима каде со домаќинот Перу играат квалификациски натпревар за СП 2014.

Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси најпрво беше пречекан од навивачите на Перу со извици „Роналдо, Роналдо“, а веќе за време на патувањето кон тренинг базата нивниот автобус беше каменуван од хулигани.

„Не беше баш пријатно. Фрлаа со цигли по нашиот автобус“ изјави портпаролот на аргентинската федерација, Хуан Карлос Креспи.

Според извештаите на полицијата од Перу, скршени се неколку стакла на автобусот но за среќа никој од аргентинските репрезентативци не бил повреден.

{youtube}omWD6pT1iWM{/youtube}

- Реклама -