Нашата Месечина е доста големо небесно тело. Доволно голема што ако орбитираше околу Сонцето наместо Земјата ќе беше планета.
Месечината има една четвртина од дијаметарот на Земјата и само џуџестата планета Плутон има сателит чија големина е пропорционално поблиска до неговата. Но што ако Месечината беше колку Марс? Еве неколку симулирани фотографии кои покажуваат како ќе изгледаше нашето ноќно небо со различен сателит.
Венера
Венера е три и половина пати поголема од Месечината. Ако планетата биде преместена на истата оддалеченост од Земјата како и Месечината нема да можеме да видиме ништо посебно, само неколку облаци со боја на слонова коска.
Нептун
Нептун е четиринаесет пати поголем од Месечината што значи доста импресивно ноќно небо. Гледајќи нагоре би виделе голем син балон кој ќе доминира на небото дури и преку ден. Затемнување на Сонцето со Нептун навидум би траело вечно – откако Сонцето ќе исчезне зад оваа „месечина“ Земјата ќе биде обвиена во компетен мрак час и половина.
Уран
Со речиси идентична големина како Нептун, Уран би понудил речиси ист поглед.
Сатурн
Сатурн би бил неверојатна глетка. Бидејќи е речиси 35 пати поголем од Месечината оваа златна топка би прекрила речиси 18 степени од ноќното небо (споредено со 1 степен прекриен од Месечината). Единствен проблем е што во овој случај ние би биле сателитот – Земјата би била на исто растојание од Сатурн како неговата месечина Дион. Прстените ќе се простираат од едниот до другиот хоризонт.
Јупитер
Четириесет пати поголем од Месечината, Јупитер би прекрил 20 степени од небото. Поради големината северниот и јужниот пол не би се гледале од Земјата. Но, бидејќи Земјата би била на исто растојание од Јупитер како и Јо нашата планета би изгледала доста различно. Поради гравитационите сили површината на Земјата би имала повулкански изглед.