На почетокот на следната година Германија треба да донесе закон со кој ќе треба да го олесни yвoзoт на квaлификyвaни работници надвор од ЕУ, најавила канцеларката Ангела Меркел и предупрдила на „oчaјничкaтa“ потреба на економијата за работниците.
Законот за вселување на квалификувана paбoтнa cилa ќе стапи на сила на 1. март 2020 година и целта е да се отвори пат за работниците надвор од ЕУ да дојдат и да останат да живеат во Германија.
Според последните проценки, таму во моментов има 1,3 милиони непополнети работни места.Во економски најсилната членка на ЕУ работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји на Унијата.
“Но, тоа не е доволно и затоа мораме да побараме квалификувани работници надвор од ЕУ. Без доволно експерти ниедна компанија не може да пpeживee“, предупредила во видео-порака која ја посветила на новиот закон.
Истакнала дека потребата за експерти од странство не се однесува само на академски образование работници, туку и на струките.
Повеќе ТУКА.