Со оглед на големиот број баратели на азил германската влада одлучи да ги депортира назад авганистанските бегалци, пишува националниот дневен весник Die Welt.
Министерот за внатрешни работи во Берлин Томас де Мезиер појасни дека активностите на германските власти ќе бидат координирани со властите во Кабул.
Според него бројот на авганистанските граѓани кои бараат заштита со хуманитарен статус во Германија, е “неприфатлив”, и тие не можат да очекуваат дека ќе добијат дозвола да останат во земјата.
Приемот на мигранти, драстично го намали рејтингот на германската канцеларка Ангела Меркел, кој е најмал во изминативе три години. Голем број активисти ја нападнаа канцеларката за приемот и третманот на Германија врз мигрантите кои бараат азил.
Од почетокот на годината 11.000 лица се протерани од Германија, а 27.000 доброволно ја напуштиле земјата.